Top Sport

Крос: Знаеме какви улоги ќе имаме со Модриќ следната сезона

Тони Крос (33) и Лука Модриќ (37) ги продолжија договорите со Реал и ќе останат на „Сантијаго Бернабеу“ барем уште една сезона за да им помогнат на помладите играчи да созреат.

Германецот од Баерн во Реал пристигна во летото 2014 година како светски шампион со Германија, а во Мадрид освои две шампионски титули и дури четири ЛШ.

Во интервју за шпанските медиуми тој призна дека во Мадрид направил многу повеќе отколку што очекувал.

„Кога пристигнав во Мадрид си реков дека се надевам дека ќе освојам барем една Лига на шампиони. Освоив четири. Очекував да направиме големи работи, но не на ова ниво. Најголемата вредност на Реал е менталитетот, бидејќи ние никогаш не се откажуваме”, изјави германскиот играч за врска, а потоа се осврна и на соработката со Лука Модриќ во следната сезона.

„Модриќ и јас сме тука да направиме другите да се чувствуваат сигурно и уживаат во играта. Тука сме да им помогнеме на младите играчи и тоа е она што ќе го направиме. Мојата идеја е секогаш да се подобрувам, без разлика на возраста, бидејќи сакам да продолжам да освојувам трофеи“.

Scroll to Top