Top Sport

(Видео) Магијата на Рубљов – Еден од најдобрите удари некогаш видени на Централниот терен

Рускиот тенисер Андреј Рубљев, во драматичен меч, против Казахстанецот Александар Бублик се избори за своето прво четвртфинале на Вилмблдон.

Рубљов водеше сп 2:0 во сетови (7:5, 6:3), Бублик третиот и четвртиот сет ги доби во тај-брејк, на крајот рускиот тенисер славеше со 6:4 во решавачкиот сет.
До меч топка Рубљов стигна на спектакуларен начин. Ударот со кој го освои поенот веројатно никогаш нема да го повтори.

Свој ентузијазам го сподели и од Вимблдон.

„Ова е една од најдобрите удари видени овде во последните години“.

Рубљев долго ќе ја памети победата над Бублик, но сепак остана скромен во изјавата по мечот.

„Тоа беше веројатно најсреќниот удар досега. Тоа беше само среќа, ништо друго. Мислам дека не би можел повторно да го направам тоа“, рече Рубљов.

Scroll to Top