Top Sport

Крстајиќ го објави списокот на Бугарите за мечот против Македонија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бугарија, Младен Крстајиќ, го објави списокот на фудбалери за натпреварот против Македонија во Скопје на 26 септември. Крстајиќ на списокот има девет интернационалци, а Бугарите три дена пред дуелот во Скопје ќе играат и против Гибралтар.

Крстајиќ на подготовките ќе ги повика следните фудбалери:

Голмани: Даниел Наумов (ЦСКА 1948), Светослав Вуцов (Славија), Иван Дулгеров (Черно Море)

Одбрана: Валентин Антов (Монца), Петко Христов (Специја), Пламен Галабов (Макаби Нетанја), Христијан Петров (ЦСКА Софија), Виктор Попов (Черно Море), Иван Турицов (ЦСКА Софија), Антон Недјалков (Лудогорец), Матео Стаматов (Оренбург)

Среден ред и напад: Илија Груев (Вердер), Иван Јорданов (Лудогорец), Јанис Карабелов (Кишварда), Филип Крастев (Левски), Илиан Стефанов (Левски), Никола Илиев (Интер), Марин Петков (Левски), Јоан Стојанов (Хапоел Биер Шева), Георги Русев (ЦСКА 1948), Кирил Десподов (Лудогорец), Радослав Кирилов (ЦСКА 1948), Мартин Минчев (Спарта Прага).

Scroll to Top