Македонската фудбалска репрезентација утревечер ќе ја пречека Бугарија на арената „Тодор Проески“ во Скопје во последниот натпревар од годинашното издание во Лигата на нации.
Новиот селектор на Бугарија, српскиот стратег Младен Крстајиќ, вели дека Македонија е силен тим, но верува дека неговата селекција може да оствари позитивен резултат.
„Не размислуваме за провокации, сакаме да одиграме професионално и да се претставиме во добро издание. Би сакал и утре Бугарија да ја покаже истата желба за победа како против Гибралтар. Македонија е силна селекција и не верувам дека не би сакала да стигне до победа иако веќе нема шанси за првото место во групата. Фудбал се игра за победа и јас се надевам дека ќе освоиме бодови во Скопје“, изјави Младен Крстајиќ.
Капитенот на бугарскиот национален тим, Кирил Десподов, вели дека тој и соиграчите се мотивирани за триумф.
„Ќе истрчаме на теренот за да победиме во Скопје. Мора да бидеме максимално дисциплинирани и да ги следиме инструкциите на нашиот селектор, доколку ги исполниме задачите верувам дека можеме до триумф“, истакна Кирил Десподов.
Натпреварот меѓу Македонија и Бугарија се игра утревечер (20.45 часот) на арената „Тодор Проески“ во Скопје.