Top Sport

Бублик пак се глупираше и го загуби своето шесто финале!

Казахстанскиот тенисер Александер Бублик остана со една единствена титула во својата кариера, откако загуби по шести пат во финале, овојпат на Мец опен во Франција од Италијанецот Лоренцо Сонего со 7:6(3)/6:2.

Но, како и секогаш, најголемо внимание не предизвика играта на Бублик, туку неговото бизарно однесување, кое овојпат беше исвиркано од француската публика. Откако го загуби првиот сет во тај-брејк, беше забележлив падот во неговата игра, и на 4:1 за противникот, тој реши да го врати топчето во игра со рачката од рекетот. Ова, секако, не наиде на добра реакција на публиката.

За Сонего, пак, ова е трета АТП титула во кариерата со која ќе се врати во топ 50 на АТП листата.

Уште лудории од Бублик:

Бизарен меч во Монте Карло – Бублик со неверојатно откажување

Шоу на Бублик во Истбурн – седум сервиси под рака во еден гем!

Бублик, тенисерот кој мрази тенис, го победи Монфис со вакви удари!

Scroll to Top