Top Sport

Крстијано ефект, Реал остана без еден милион следбеници

Заминувањето на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус се почувствува и на социјалните мрежи на „кралскиот клуб“. Како што пренесе весникот „Ас“, од моментот кога било објавено дека Португалецот потпишал договор со „старата дама“, од „Твитер“ налогот на Реал се одјавиле милион корисници.

Пред трансферот на Кристијано во Торино, речиси 32 милиони го следеле „Твитерот“ на Реал, а по заминувањето на Португалецот бројката на следбеници изнесува 31 милиони.

Во исто време, Јувентус на „Твитер“ започнале на споменатата социјална мрежа да го следат нови 1,1 милион луѓе, што претставува раст за речиси 20 отсто.

И покрај тоа што еден милион луѓе престанале да го следат Реал Мадрид, европскиот првак и понатаму е далеку најпопуларниот фудбалски клуб на „Твитер“.

Scroll to Top