Зимскиот преоден рок ќе понуди еден изненадувачки трансфер. Италијанскиот „Скај спорт“ објави дека Кевин-Принц Боатенг ќе се пресели од Сасуоло во Барселона на шест месечна позајмица.
Боатенг (31) во кариерата играл за Херта, Тотенхем, Борусија Дортмунд, Портсмут, Милан, Шалке, Лас Палмас и Ајнтрахт Франкфурт, а од минатата година е играч на Сасуоло.
Во првиот дел од сезоната за Сасуоло, поранешниот репрезентативец на Гана, одиграл 15 натпревари и постигнал пет гола.
Барселона по завршувањето на сезоната ќе има можност за осум милиони евра да го откупи неговиот договор.
Боатенг доаѓа како замена за Мунир кој пред десет дена се пресели во Севилја.