Top Sport

Химки го отпуштија Барцокас, нов тренер е Куртинаитис

Јоргос Барцокас повеќе не е тренер на кошаркарскиот клуб Химки. Гркот по 18 месеци доби отказ на функцијата.

Химки, во тековната сезона, играат во променлива форма, во ВТБ лигата имаат скор од 11 победи и два порази, додека во Евролигата тимот забележал седум победи и 12 порази.

Од Химки веднаш по отказот што го доби Барцокас соопштија дека нов тренер ќе биде Римас Куртинаитис. Литвенецот има работно искуство во Химки, во периодот од 2011 до 2016 година.

Куртинаитис со Химки има освоено две титули во Еврокупот (2012, 2015) и еден трофеј во ВТБ лигата (2011).

Scroll to Top