Италијанската полиција соопшти дека двајца навивачи на Селтик се нападнати со ножеви во центарот на Рим пред вечерашниот меч во рамки на Лига Европа меѓу екипите на домаќинот Лацио и гостинот од Шкотска.
Информациите се дека прободен со нож е 52-годишник во тепачка пред паб во „вечниот град“, а малку подоцна, во непосредна близина е нападнат и 35-годишен шкотски навивач.
?? A Celtic supporter was stabbed outside a bar last night in Rome by a Lazio supporter. pic.twitter.com/cVydLKSIdS
— 101% ULTRAS (@101ULTRAS) November 7, 2019
Двајцата повредени се примени во болница, а докторите уверуваат дека нивните повреди не се опасни по живот.
Очевидец на инцидентот сведочи дека навивачите пиеле пред пабот, кога им пришле петмина маскирани кои најпрво фрлиле стол на нив, а потоа започнале тепачка која траеле кратко. Тој сведочи дека гостинските навивачи се однесувале пристојно пред нападот.
Мечот од 4. коло меѓу Лацио и Селтик започнува во 18.55 часот.