Top Sport

Крзнар повеќе не е тренер на Динамо

Дамир Кзнар повеќе не е тренер на Динамо Загреб. Тренерот си поднел оставка по елиминацијата на „модрите“, од Ријека (3:1),во четврт-финалето на купот.

„Му благодариме на тренерот Крзнар на успесите кои ги оствари првиот тим во неговиот мандат, на фантастичната победа над Тотенхем, историскиот пласман во четврт-финалето во Лига Европа и на освоената дупла круна во сезоната 2020/21. За понатамошните потези клубот навремено ќе ја извести јавноста“, соопшти Динамо.

Дамир Крзнар во март оваа година го презеде Динамо, откако клубот поради правосилна судска одлука го напушти Зоран Мамиќ.

Динамо викендов ќе го игра дербито со Хајдук, а наредниот четврток ќе гостува кај Вест Хем во последното коло, во Лига Европа.

Scroll to Top