Top Sport

Јанис го растури Шарлот, Дончиќ блескаше против Њу Орлеанс, Денвер поразени во Орландо

Лука Дончиќ, Јанис Адетокумбо и Џејсон Тејтум блескаа во победите на Далас, Милвоки и Бостон. Никола Јокиќ не можеше да го спречи поразот на Денвер во Орландо.

Актуелните шампиони, Милвоки Бакс, во драматична завршница го победија Шарлот 127:125. Адетокумбо блескаше со 40 поени и 12 скокови. Гркот на две секунди до крајот го реши натпреварот.

Драматичен меч одиграа Бостон и Филаделфија. Селтикс предводени од Џејсон Тејтум славеа со 88:87. На крајот Тејтум зад своето име запиша 26 поени и 16 скокови.

Далас го декласираше Њу Орлеанс со 139:107. Дончиќ го предводеше својот тим со 26 поени и 14 асистенции.

Неверојатен меч одигра дебитантот на Хјустон Џаешин Тејт. Во триумфот на „ракетите“ во Оклахома 114:110, Тејт забележа 32 поени, 10 скока, седум асистенции и пет блокади.

Денвер во Орландо загубија добиен натпревар. Нагетс испуштија предност од 16 поени и потклекнаа во финишот на мечот. Јокиќ забележа 18 поени, 15 скокови и седум асистенции. Кол Ентони со 24 поени, осум скока и седум асистенции беше предводникот на Орландо.

Scroll to Top