Top Sport

Кукурелја вети дека нема да ја менува фризурата: Никогаш, тоа е мојот стил

Новото засилување на Челси, Марк Кукурелја отфрли било какв можност да ја смени својата фризура, откако при бурното 2:2 реми со Тотенхем, Кристијан Ромеро го потегна за косата пред израмнувачкиот гол на Хери Кејн.

Судијата Ентони Тејлор не го санкционираше ова, предизвикувајќи незадоволство кај навивачите на Челси во меч во кој Антонио Конте и Томас Тухел за малку ќе имаа физичка пресметка.

„Да, тоа беше јасен фаул и се гледа од фотографиите. Не го гледав на ТВ, но јасно беше дека беше грешка на судијата или на ВАР. Дали би се истрижал? Не, никогаш, оваа е мојот стил“, вели Кукурелја, кој пристигна од Брајтон во летниот преоден рок.

Scroll to Top