Сенегалскиот репрезентативец, Калиду Кулибали признава дека за трансферот од Челси во саудискиот Ал-Хилал клучна причина биле парите кои му ги нудат. Кулибали пристигна на „Стемфорд Бриџ“ пред само 12 месеци како големо засилување од Наполи, за по лошата сезона да премине во Ал-Хилал.
„Не можам да го демантирам тоа дека се работи за парите. Ќе можам да помогнам на цело семејство да живее убаво, од моите родители до моите братучеди и во исто време да помогнам на мојата добротворна организација во Сенегал. Веќе почнавме со изградба на клиника во селото на моите родители. Имам и други проекти за да помогнам на младите луѓе. Исто така, јас сум муслиман и пристигнувам во идеална земја за мене и моето семејство“, вели Кулибали.
🎙️ Kalidou Koulibaly talks about the reasons he moved to Saudi Arabia: 👇
💰 About money: “I can't deny it. I will be able to help my whole family to live well, from my parents to my cousins, and support the activities of my Capitaine du Coeur association in Senegal. We started… pic.twitter.com/yYuHbdJjb1
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) June 27, 2023