Сенегалецот Калиду Кулибали и во наредните пет сезони ќе командува со одбраната на Наполи, објави претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис.
„Кулибали ја продолжи соработката на дополнителни пет години. Тој во моментов, веројатно е најдобриот дефанзивец во светот. За него одбив три понуди од по 90 милиони евра, бидејќи немав намера да го продада“, рекол Де Лаурентис.
Сенегалецот во Наполи пристигна од Генк во 2014 година, а во претходните четири сезони и стана незаменлив во одбраната на наполитанците.