Top Sport

Кулушевски и Парма ја „уништија“ Џенова (видео)

Парма со 5:1 ја декласираше Џенова во меч од осмото коло на Серија А, уништувајќи му го дебито на тренерот Андреацоли и зголемувајќи ја мизеријата на Грифоне, кои остануваат претпоследни на табелата, и во исто време покажувајќи каков талент има 19-годишниот Швеѓанец со македонско потекло, Дејан Кулушевски.

Јурај Куцка го отвори резултатот во 37. минута од мечот, пред данскиот напаѓач на Парма, Андреас Корнелиус да постигне хет-трик (42., 45. и 50. минута) за да го најави потопот на Џенова. Горан Пандев излезе во игра во второто полувреме, и неговата замена, Андреа Пинамонти постигна утешувачки гол за гостите во 52. минута од мечот.

Конечните 5:1 ги постави шведскиот фудбалер со македонско потекло, и поранешен У-16 репрезентативец на Македонија, 19-годишниот Кулушевски, кој претходно асистираше на двата гола на Корнелиус. Кулушевски има настапи за У-21 репрезентацијата на Шведска, но уште не е повикан во сениорската репрезентација.

Scroll to Top