Top Sport

Лалана постигна гол по 18 месеци и донесе реми за Ливерпул на „Олд Трафорд“ (видео)

Заврши победничкиот старт на Ливерпул во Премиер лигата, откако во деветтото коло во големото дерби на „Олд Трафорд“ на крајот се одигра 1:1. Откако Ливерпул влезе како голем фаворит во мечот, на крајот им беше потребен гол во 85. минута да израмнат против неубедливите Јунајтед и на врвот на табелата да имаат шест поени предност пред Манчестер сити.

Со овој резултат се става крај на низата од 18 победи во низа на Ливерпул, со што не успеаја да ги израмнат рекордот на Сити од 2017 година.

Ливерпул мечот го започна без Мохамед Салах поради повреда на скочниот зглоб, додека кај Јунајтед недостасуваше Пол Погба, но на голот се врати Давид де Хеа.

Насоката во која се движеше мечот се постави во последните десетина минути од првото полувреме, откако во првите половина час двата тима играа премногу внимателно, иако двапати мораше одлично да реагира Де Хеа.

Јунајтед успеа да дојде до предност во 37. минута, по една брза акција, во која Маркус Рашфорд го прекина својот долг пост и го совлада Алисон. Сепак, голот не беше без контроверзи, откако во Ливерпул сметаа дека на голот му претходеше фаул на Линделоф, но ВАР-системот реши дека нема потреба за поништување на голот.

Фрустрацијата со ВАР-системот продолжи за „црвените“ во 43. минута, кога Садио Мане постигна гол, на кој, сепак, му претходеше прием на топката со рака.

Во второто полувреме, Ливерпул имаа убедливо повеќе од топката во нозете (над 70 отсто од поседот), но до шанса тешко се стигнуваше сè до 85. минута од мечот, кога замената Адам Лалана успеа да ја искористи „заспаноста“ на одбраната на Јунајтед за да израмни. Ова, инаку е прв гол на Лалана во последните 18 месеци.

Scroll to Top