Top Sport

Кулушевски: Иличиќ е најдобриот фудбалер со кого имам играно

Фудбалерот на Парма, Швеѓанецот со македонско потекло, Дејан Кулушевски вели дека најсилниот фудбалер со кого има играно е словенечкиот ас на Аталанта, Јосип Иличиќ, иако негов идол останува Еден Азар.

Кулушевски, кој од следната сезона ќе го носи дресот на Јувентус, вели дека е здодевно да се живее под изолација поради корона вирусот.

„Читам, готвам и гледам сѐ што е поврзано со кошарката. Играм и ’Плејстејшн’ со Гастон Бругман, Рикардо Гаљоло и Ернани, со кои сме неразделни. Кој е насилниот од фудбалерите со кои сум играл? Сигурно, Јосип Иличиќ. Многу силен, еден од најдобрите на светот и многу научив од него. Го викаат ’баба’ во Аталанта, но не е толку стар. Најсилни противници ми биле Кристијано Роналдо и Даглас Коста, против нив е тешко да бидеш силен. Омилен фудбалер ми е Еден Азар и би сакал да играм како него. Копирам многу од неговите движења на теренот“, вели Кулушевски.

ТОП 76 апсолутно невозможни голови на Јосип Иличиќ!

Scroll to Top