Top Sport

Бунт во Барселона: Си одиме ако ни ги намалите платите

Челниците на Барселона одржаа состанок со капитените на фудбалската, кошаркарската и ракометната секција. Од спортското друштво предложиле платите на сите играчи да им бидат намалени за 70 отсто додека трае кризата со коронавирусот.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека играчите немале исти ставови со челниците, најдраматично било во кошаркарската секција. Според овој извор кошаркарскиот тим би можел да се распадне.

По состанокот со генералниот директор Начо Родригез, капитенот Анте Томиќ и неговиот заменик Пау Рибас, преку „ВатсАп“ одржале состанок со соиграчите.

Соиграчите на Томиќ и Рибас не го прифатиле добро предлогот, дел од нив се заканиле дека ќе побараат договорите да им бидат раскинати доколку клубот донесе одлука за драстично да им ги намали платите.

„Мундо Депортиво“ тврди дека играчите добиле рок до утре да се изјаснат по предлогот на клупските челници. Истиот извор, бидејќи клубот од почетокот на епидемијата нема никакви приходи, челниците биле принудени да донесат ваква одлука. Намалувањето на платите ќе има само кај спортистите, но не и кај останатиот персонал.

Барселона оваа сезона во кошаркарската секција вложи рекордни 50 милиони евра, колку што изнесува клупскиот буџет.

Scroll to Top