Top Sport

Кулушевски ја „спаси“ сезоната за Јуве – гол и асистенција за трофејот од Копа Италија

Јувентус на Андреа Пирло, катастрофалната сезона, сепак, ќе ја заврши со титула, откако во финалето на Копа Италија, предводени од голот и асистенцијата на Дејан Кулушевски, стигнаа до 2:1 победа над Аталанта на „Мапеи“ во Реџо Емилија.

Иако многу беше критикуван за потпросечната деби-сезона во Јуве, Швеѓанецот со македонско потекло, Кулушевски, несомнено беше ѕвездата на вечерашното финале. Во 31. минута од мечот, тој постигна фантастичен гол со „вртена“ топка за да ги донесе Јуве во водство, меѓутоа, Аталанта израмни преку одличниот Руслан Малиновски во 41. минута.

Клучниот момент дојде во 73. минута од мечот, кога Федерико Киеза и Кулушевски одиграа одлична двојна акција, по која Киеза успеа да го совлада Пјерлуиџи Голини.

Графика: Sofascorе за Топспорт.мк

Scroll to Top