Top Sport

Томас Милер: Дејвис е Брзата птица итрица

Алфонсо Дејвис вчера беше еден од хероите на Баерн во Дортмунд. Баварците забележаа победа со голот на Кимих со што го направија клучниот чекор кон освојувањето на титулата во Бундеслигата.

Дејвис, 19 годишниот канадски репрезентативец, неколку пати демонстрираше дека е еден од најбрзите фудбалери во светот.

„Алфонсо е играч кој има големо срце и многу моќ, екстремна моќ“, рекол Томас Милер по натпреварот.

„Кога не е во добра позиција на теренот, тој може да го стигне противникот. Веројатно во себе си мисли: „Имам доволно време“. И тогаш мип, мип, мип Брзата птица итрица на Баерн доаѓа и ја краде топаката“, сликовито го опишал младиот соиграч ветеранот Милер.

Scroll to Top