Top Sport

Том Брејди, сепак, не оди во пензија?

И покрај тоа што „ЕСПН“  инсистира дека Том Брејди донел одлука да се повлече од НФЛ лигата по 22 сезони, тој му соопштил на својот тим, Темпа Беј буканирс дека уште не направил одлука за својата иднина и дека нема одлука дали да се врати за сезоната 2022.

44-годишниот Брејди во текот на изминатата сезона постави рекорд за најмногу додадени јарди во историјата на НФЛ, а исто така е има рекордни 624 додавања за тачдаун и рекордни 7.263 успешни комплетни додавања. Само во 2021 тој имаше 5.316 додадени јарди и 43 додавања за тачдаун, најмногу во лигата.

Брејди е петкратен освојувач на Суперболот, а трипати беше прогласуван за МВП на сезоната.

Крај на една ера – Том Брејди заминува во пензија

Scroll to Top