Top Sport

Кулушевски во конкуренција за наградата „Голден Бој“

„Тутоспорт“ ја објави листата на фудбалери кои конкурираат за наградата „Голден Бој“. Во конкуренција за најдобар млад играч се наоѓаат 100 фудбалери.

Конкуренцијата во која се наоѓа и играчот кој има македонски корени Дејан Кулушевски оваа година е многу силна. Покрај Кулушевски кандидати се Ансу Фати од Барселона, дваоецот на Борусија Дортмунд Џејсон Санчо-Ерлинг Халанд, Фил Фоден од Манчестер сити, Сандро Тонали од Бреша, Габриел Мартинели од Арсенал, Родриго и Рејниер од Реал Мадрид…

Непишано правило е дека добитникот на оваа награда подоцна станува топ класа во светскиот фудбал.

Во минатото наградата „Голден Бој“ ја добиле Лионел Меси, Вејн Руни, Пол Погба, Сеск Фабрегас, Серхио Агуеро, Килијан Мбапе, Матијас Де Лихт, Жоао Феликс.

Scroll to Top