Top Sport

Суспензија за Жорди Алба, го пропушта Леганес

Левиот бек на Барселона Жорди Алба поради пет жолто картони ќе го пропушти натпреварот од 29 коло во Примера.

Барселона, во саботата, гостуваше кај Мајорка и забележа убедлива победа 4:0. Алба заедно со Меси беше најдобриот играч на Барселона, тој му асистираше на Видал за првиот гол, а потоа и самиот се запиша меѓу стрелците во 80 минута.

Алба против Мајорка го доби петтиот жолт картон оваа сезона што значи дека му следува автоматска суспензија од еден натпревар.

Левиот бек нема да биде во составот на Барселона вечерва против Леганес. Натпреварот на „Ноу Камп“ ќе започне во 22 часот.

Scroll to Top