Холандскиот селектор Роналд Куман признава дека е загрижен за улогата на Матијс де Лихт во Јувентус пред интернационалните натпревари, посочувајќи дека ако сака да го заддржи местото во репрезентацијата мора да биде стартер.
19-годишниот Де Лихт замина во Торино од Ајакс, каде што беше капитен и постојано беше во игра, за 80 милиони евра, откако минатата сезона имаше 55 настапи за својот клуб. Сепак, новиот тренер на Јувентус, Маурицио Сари реши да го остави на клупата за првиот меч од Серија А (1:0 победа кај Парма) и самиот де Лихт изјави дека е изненаден од тоа. Куман вели дека таа ситуација не е најдобра.
„Од една страна, претпоставувате дека ќе игра бидејќи направи голем трансфер, но ако клубот го има Џорџо Кјелини и Леонардо Бонучи, значи дека тренерот може да направи и поинаков избор. Знам дека е потребно да го научи јазикот и да се навикне во тимот и дека за тоа треба време, но не треба да биде предолго. Сега не сум загрижен, но ако и во октомври не игра, тоа значи дека нема да биде подготвен за репрезентацијата“, вели Куман.
Де Лихт разочаран: Навистина не очекував дека ќе бидам на клупата