Top Sport

Куман доби поддршка од играчите

Играчите на Барселона, му дадоа поддршка на тренерот Роналд Куман, по поразот од Бенфика (3:0), во Лигата на шампионите.

„Најлесно е да го избркате тренерот. Сите сме одговорни за ова. Се наоѓаме во критична ситуација. Очајно делуваме и во одбраната и во нападот“, рекол капитенот Серхио Бускетс.

„Не мислам дека решение е смена на тренерот“, рекол по поразот во Лисабон, Френки де Јонг.

„Сепак јас не можам да зборувам за Куман, тоа прашање не треба мене да ми го поставувате. Мораме да продолжиме да се бориме, заедно треба да излеземе од кризата. Мораме да станеме обединети, само така ќе излеземе од оваа тешка ситуација“.

Шпанските медиуми објавија, претседателот Џоан Лапорта и неговите соработници до доцна во ноќта ја разгледувале ситуацијата во која се наоѓа тимот. Нов состанок ќе имаат во текот на денот.

Барселона викендов ја очекува нов тежок натпревар. Барса ќе гостува кај Атлетико во Мадрид. Куман поради суспензија нема да го води тимот.

Scroll to Top