Top Sport

Куман го избра идеалниот состав на Барса на сите времиња: Немаше место за Марадона, Роналдо, Ромарио…

Роналд Куман го состави идеалниот тим на Барселона и изостави некои големи имиња. За поранешниот играч и тренер на каталонскиот гигант во идеалниот состав немаше место за великани како Диего Марадона, Роналдо, Ромарио…

Идеалниот состав на Барса за Куман е: Андони Зубизарета – Дани Алвеш, Карлес Пујол, Хавиер Маскерано, Жорди Алба – Јохан Нескенс, Чави Ернандез, Андрес Иниеста – Лео Меси, Јохан Кројф, Христо Стоичков.

Во него нема место за Диего Марадона, за многумина најдобриот фудбалер на сите времиња. Го нема ниту бразилскиот напаѓач Роналдо, кој блескаше во тимот со 47 гола и 12 асистенции на 49 натпревари, но за Барса одигра само една сезона.

Го нема и Ромарио, уште еден играч кој беше прогласен за најдобар во светот, а место во идеалниот состав не се најде и за Ласло Кубала, стрелецот на 193 гола на 253 натпревари за Барса.

Scroll to Top