Top Sport

Куман: Гундоган и Левандовски стареат, клубот не размислува за иднината

Поранешниот тренер на Барселона, Роналд Куман, на голф турнир во Барселонана голф турнирот истакна дека не му се допаѓа стратегијата на клубот во претходниот и актуелниот преоден рок.

„Гледајќи од страна, поинаку и не можам да дадам мислење затоа што не сум во клубот и не знам точно што се случува, мислам дека финансиски и фудбалски не се прават работи за во иднина“, изјави Куман критикувајќи ја трансфер политиката на Барселона.

Потпишувањето на Илкај Гундоган и пред една година на Роберт Левандовски, сами по себе не се проблем за Холанѓанецот. Но, кога ќе ја земете предвид пошироката слика и градењето тим на долги патеки, тогаш нивните трансфер за Куман претставуваат проблем.

„Ми се допаѓа Гундоган, бидејќи тој е одличен играч. Но, тој е во години, а клубот треба да размислува за иднината, да има тим во следните неколку години. Левандовски и Гудноган најмногу можат да издржат уште две или три сезони“, изјави поранешниот стратег на Блауграна и продолжи:

„Нема потреба многу да се зборува за потписот на играч како Гундоган. Тој е одличен, тој е голем професионалец, како и Левандовски. Но, тие се на возраст, не можеш секоја година така да потпишуваш двајца-тројца играчи. Да потпишеш со 22. годишен играч е подобро од некој кој има 33 или 34 години“.

Куман доби отказ во октомври 2021 година по поразот од Рајо Ваљекано во Мадрид.

Scroll to Top