Top Sport

Хауард тврди: Јас сум подобар од Јокиќ

Американскиот центар Двајт Хауард изјави дека мисли дека бил подобар играч од Никола Јокиќ на врвот на кариерата. Двајт Хауард влезе во НБА како супер талентиран средношколски кошаркар во 2004 година кога Орландо го избра како прв пик.

Хауард со Орландо играше во финалето на НБА и беше најдоминантен од 2008 до 2011 година, кога три пати по ред беше прогласуван за најдобар дефанзивец во лигата.

Во интервју за Комплекс спорт, Хауард рекол дека е подобра центар од Никола Јокиќ.

„Логично, луѓето ќе кажат дека Јокиќ е еден од најдобрите центри во историјата, бидејќи постигнува многу поени и е неверојатен офанзивно. Порано имав 38 поени и 20 скока, 45 поени и 18 скока, 19, 20 и сето тоа го постигнав само со шут за два поени, не шутирав тројки. Лоб додавања, забивања, не играв на нискиот пост како Јокиќ и тогаш има многу повеќе можности. Го сакам Јокиќ, не сакам луѓето да мислат дека го мразам, но само мислам дека подобар. Знам колку бев доминантен и во дефанзива и во офанзива. Не ги искористив сите мои вештини за кошеви, користев брзина, имав финеси со многу моќ и правев многу работи за луѓето да не ме памети како забивач“, рече Хауард.

Кои се најдобрите центри на сите времиња според него?

„Шек, Хаким, Вилт, Карим, Мозес и јас сме некаде во Топ 10 на сите времиња“, вели Двајт Хауард.

Scroll to Top