Top Sport

Куман ќе го наследи Ван Гал

Роналд Куман по Светското првенство во Катар ќе се врати на селекторската функција во националниот тим на Холандија. Функцијата, Куман ќе ја преземе од Луј Ван Гал, кој пред неколу дена објави дека боледува од рак на простата.

Куман е без работа, откако доби отказ во Барселона. Токму од позицијата селектор на Холандија, Куман се пресели на „Ноу Камп“. Холандија ја предводеше од 2018 до 2020 година. Избори пласман на Европското првенство, но пандемијата на коронавирусот, го спречи да ја води Холандија на континенталниот шампионат.

Scroll to Top