Top Sport

Куман не бил задоволен од формата и однесувањето на Пике

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, бил незадоволен од однесувањето и формата на ветеранот, Џерар Пике. Куман сметал дека Пике има големо влијание врз клупските челници, пишува „Марка“.

На Куман му пречело големото пријателство што го има Пике со претседателот Џоан Лапорта, сметал дека на тој начин ја фудбалерот ја крои клупската политика. Куман, сметал и дека лошата форма на Пике е една од причините за лошите резултати.

Инаку, Пике индиректно го обвини тренерот за поразот од Атлетико (2:0).

„Можевме да играме три часа и немаше да постигнеме гол“, рекол Пике по натпреварот во Мадрид.

Инаку Куман, не е единствениот кој е незадоволен, бојни негови колеги, веруваат дека Пике го ставил бизнисот пред фудбалот. Пике е еден од основачите на компанијата „Космос“, која е организатор на Дејвис купот во тенис.

Неговата компанија ги купи ТВ-права за натпреварите во француското првенство и тоа пред дебито на Лионел Меси за ПСЖ.

„Космос“, исто така е носител на ТВ-права за Серија Б и Копа Америка, а ги поседува акциите во фудбалскиот клуб Андора.

Scroll to Top