Top Sport

Куман: Ова беше многу наивен пораз

Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Роналд Куман, се обиде да остане мирен по катастрофалниот пораз од Франција (4:0) на стартот од квалификациите за ЕП 2024 во Германија. Предводникот на „лалињата“ ја анализираше ситуацијата и не го криеше разочарувањето од конечниот резултат.

„Ја губевме топката на важни места на теренот и бевме казнети од противникот кој беше одличен. Игравме премногу наивно. Жално е што многу играчи отпаднаа од тимот поради болест, но тоа не е причината за поразот. Дефинитивно не одигравме добро. Моите обвинувања не се насочени само кон младите, очекував повеќе и од искусните играчи“, изјави Куман.

Следниот натпревар на Холандија е в понеделник против аутсајдерот во групата, селекцијата на Гибралтар.

Scroll to Top