Top Sport

Куман: Резултатот покажува колку ПСЖ беа супериорни во однос на Барселона

Тренерот на Барселона, Роналд Куман не успеа да го постигне посакуваниот европски резултат на навивачите на клубот по минатогодишната 8:2 катастрофа од Баерн Минхен, откако дома загубија со 1:4 од Пари Сен-Жермен и Холанѓанецот не бараше оправдувања.

„Секако, резултатот покажува колку тие беа супериорни. Колку беа ефикасни. Во првото полувреме бевме израмнети, на 1:0 имавме шанса преку Дембеле, но во второто имавме големи проблеми и тие покажаа дека се физички посилни од нас. Не внимавме на топката и мораме да го признаеме тоа. Денеска ПСЖ покажаа дека се покомплетен тим од нас, мораме да го прифатиме тоа и да одиме понатаму. Со 1:4 дома има многу малку опции за реваншот, да бидам искрен“, вели Куман.

Мбапе со хет-трик на „Ноу Камп“ ја здроби Барса, Ливерпул за пет минути го доби Лајпциг

Scroll to Top