Top Sport

Куп на Кралот: Реал и Барса против баскиските клубови

Ла Лига со ждрепка ги одреди двојките во четврт-финалето во Купот на Кралот. Најлесна задача би требало да има Вилјареал, добра ждрепка имаше и бранителот на трофејот Валенсија, додека Реал Мадрид и Барселона добија сериозни противници. И во оваа фаза во Купот ќе се игра само еден натпревар.

Барселона во четврт-финалето ќе гостува на „Сан Мамес“ кај Атлетико Билбао, додека Реал ќе го пречека вториот клуб од баскија, Реал Сосиедад.

Валенсија ќе гостува кај Гранада, додека Вилајреал за противник го доби Мирандес, кој во претходната рунда ја елиминира Севилја.

Четврт-финалните натпревари ќе се одиграа на 5 и 6 февруари.

Scroll to Top