Првите четвртфинални дуели во Купот на Македонија одиграни попладнево донесоа помалку неочекувани резултати.
Најинтересниот меч се одигра во Тетово, каде апсолутниот фаворит Шкендија загуби од прилепска Победа со 0:1.
Прилепскиот тим третпат по ред е поуспешен од фудбалскиот шампион. Единствениот погодок вреден возбудлив реванш го постигна Макота во 19. минута.
На останатите мечеви Академија Пандев славеше со 3:1 над Кораб.
Македонија ЃП го совлада скопскиот ривал Работнички минимално со 1:0, додека пак струмичка Беласица убедливо со 0:2 го совлада Силекс сред Кратово.
Реваншите во Купот се закажани за 5 декември годинава.