Top Sport

Куп: Струга ТЛ домаќин на Работнички, Шкендија го пречекува Скопје

Фудбалските возбудувања во Македонија денеска продолжуваат со натпреварите од осминафиналето на Купот на Македонија. Најинтересен е дуелот во Струга каде лидерот на табелата во Првата лига, тимот на Струга Трим Лум, ќе го пречека Работнички.

Актуелниот шампион Шкупи на Чаир ќе игра против амбициозниот второлигаш Воска и очекува сигурен пласман во следната рунда.

Шкендија на домашен терен ќе го пречека Скопје и е голем фаворит, а се чини дека најлесни задачи имаат најтрофејниот македонски клуб Вардар против третолигашот Фортуна, и Академија Пандев против Љуботен.

Тиквеш во Кавадарци ќе биде домаќин на минатогодишниот финалист Силекс, а Брегалница во Штип ќе игра против Пелистер.

Натпреварот меѓу Победа и Македонија ЃП е одложен поради настапот на младинците на Победа во Лигата на шампионите. Овој меч е презакажан за 19. октомври.

Натпреварите почнуваат во 14 часот.

Scroll to Top