Top Sport

Куртоа: Неколкумина голмани се најдобри во светот

Тибо Куртоа сигурно е еден од најдобрите голмани во светот. Минатата сезона даде голем придонес во освојувањето на титулата во Ла Лига.

Голманот на репрезентацијата на Белгија, одговорил на прашањето кој е најдобриот голман во светот.

„Тешко прашање, многу голмани бранат одлично. Постои генерација на добри голмани. Јас, Облак, Тер Штеген и Алисон генерациски сме блиски, Ноер се уште брани. Тоа е таа група. На јавноста ќе препуштам да одличи кој е на кое место“, рекол Куртоа.

Белгиецот открил кој му бил идол во детството.

„Го обожував Касиљас. Но кога пораснав ми стана јасно дека тој е понизок од мене и дека има поинаков стил. Почнав да го следам ван дер Сар, кој воедно е и мојот идол. Му се восхитував на Чех и секако не треба да го заборавиме легендарниот Буфон“, заклучил голманот на Реал.

Scroll to Top