Top Sport

Реприза на финалето – Флик претпазлив, Покетино оптимист

Баерн Минхен, вечерва, ќе го пречека ПСЖ, во првиот четврт-финален натпревар во Лигата на шампионите. Ова ќе биде реприза од последниот натпревар во Лигата на шампионите, кој беше одигран минатата сезона. Баерн, во финалето, го победи ПСЖ со 1:0, со голот на Кингсли Коман.

Баерн се во серија на добри резултати, во Бундес лигата имаат седум бода повеќе од Лајпциг, а во досегашниот тек од Лигата на шампиони, само една одиграа нерешено (Атлетико Мадрид 1:1).

Доброто расположение во клубот го расипа повредата на Роберт Левандовски и позитивниот тест на коронавирусот, на Серж Гнабри. Овие двајца се од витални значење за играта на Баерн, но Флик ќе мора без нив да го одигра двата четврт-финални натпревари.

„Во однос на финалето, ПСЖ има нов тим и нов тренер. И покрај тоа некои работи останаа исти, ПСЖ има квалитетна одбрана и неверојатна сила во нападот. Мораме да ја спречиме нивната игра со многу кратки додавања“, рекол тренерот на Баерн, Ханс-Дитер Флик.

Од друга страна, ПСЖ не блескаат во Лига 1. Во саботата, со поразот од Лил го препуштија првото место на табелата. Незамисливо е дека ПСЖ имаат осум порази во домашниот шампионат. Проблем за тимот е и однесувањето на Нејмар, кој против Лил повторно беше исклучен.

„Играме против светските и европски шампиони. Ги почитуваме и во исто време веруваме во нашите квалитети. Дојдовме да победиме. Баерн е добро организиран тим. Мораме да бидеме внимателни во опасната зона, тука не смееме да ја губиме топката“, истакнал тренерот на ПСЖ; Маурицио Покетино.

Победникот од овој дуел, во полу-финалето ќе игра против Манчестер сити или Борусија Дортмунд.

Scroll to Top