Голманот на Белгија, Тибо Куртоа, признал дека го исклучил телевизорот во 94.минута од финалниот меч на Светското првенство во Русија. Франција во големото финале ја победи Хрватска со 4:2, а Куртоа не сакал да ги гледа Французите како го креваат трофејот.
„Го исклучив телевизорот во 94.минута, не сакав да ги гледам Французите како добиваат медали и како го креваат пехарот“, рекол Куртоа во разговор за државната телевизија о дополнил дека повторно го вклучил кога пријателите му кажале дека е избран за најдобар голман на Светското првенство.
„Кога ми се јавија пријателите повторно го вклучив телевизорот и ја вратив назад програмата за да можам да го слушнам во „живо“, моето име. Многу сум среќен. Тоа е неверојатна чест. Среќен сум што имав неколку добри одбрани кои му помогнаа на тимот, но тоа не е најважната работа. Сакав да стигнеме до крајот“, рекол Куртоа.
Белгија на Светското првенство го освои третото место што е најдобар резултата на фудбалската репрезентација на мундијалите.