Ѕвездата на Баерн Минхен, Филипе Кутињо реши свечениот обред на крштевање тој и неговата сопруга да го завршат во нивната када од страна на познатиот бразилски свештеник Тијаго Брунет.
„Благодарам многу на свештеникот Брунет и Женин Брунет. Ова беа посебни два дена кои ќе ги одбележат нашите животи. Сега ќе живееме во нова ера“, напиша Кутињо.
Неговиот колега од бразилската репрезентација, Вилијан исто така неодамна реши да се крштева, но тој ја посети реката Јордан за чинот и тој беше меѓу првите кои одговорија на постот на Кутињо. Бразилските медиуми пак, тврдеа дека покрај Кутињо и неговата сопруга Аине Кутињо, била крштевана и нивната домашна помошничка.