Фудбалерот на Астон Вила, Фeлипе Кутињо, ги демантираше пишувањата на медиумите дека би можел да го напушти клубот оваа зима.
Менаџерот Унаи Емери му даде само четири минути во поразот од Ливерпул, што сугерира дека тој не се вклопува најдобро во неговите планови за почетниот состав, барем додека не ја подобри својата форма. Поради тоа, имаше оправдани шпекулации за заминување на Бразилецот во родната земја, но тој преку социјалните мрежи отфрли такво нешто.
„Во последните неколку дена видов многу вести поврзани со моето име. Проблемот е што сите тие се лажни и сакам да го расчистам тоа. Никогаш не сум побарал да го напуштам клубот бидејќи сум среќен тука, исто како и моето семејство. Се трудам да се вратам во форма по повредата, работам напорно секој ден и сакам да им помогнам на моите соиграчи да ги постигнат своите цели“, истакна Кутињо.