Top Sport

Кутињо на дебито спречи победа на Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед освоија бод на „Вила парк“, откако во 22.коло одиграа 2:2 со Астон Вила. „Црвените ѓаволи“, испуштија предност од два гола за само 15 минути. Бод за Вила спаси, Филипе Кутињо, кој по пет години се врати во Премиер лигата.

Астон Вила, со своите грешки им подарија два гола на фудбалерите од „Олд Трафорд“. Грешките на голманот Мартинез во шестата и Сансон во 67.минута, ги казни Бруно Фернандеш.

По вториот гол на Фернадеш во 67.минута, Вила ја започна својата доминација на теренот. Најпрвин Рамси израмни во 77.минута, а пет минути подоцна Кутињо израмни на 2:2.

Бразилецот пред неколку дена дојде во Вила на позајмица од Барселона. Ова за него е првиот гол во Премиер лигата по пауза од пет години, претходно беше стрелец за Ливерпул против Свонси на Боксинг деј.

Scroll to Top