Top Sport

Нигерија избори место во втората фаза на Африканскиот куп

Репрезентацијата на Нигерија избори пласман во втората фаза на Африканскиот куп. Нигерија, по две кола има две победи во Д-групата. По победата над Египет, во првото коло, Нигеријците во второто го совладаа Судан со 3:1 (2:0).

Нигеријците во дуелот со Судан влегоа како големи фаворити и таа улога ја оправдаа уште во првоtо полувреме.

Напаѓачот на Виљареал, Чукуезе во третата минута го постигна првиот гол, а вториот беше дело на Авониџи во 45.минута. На старто од второто полувреме, во 46.минита Сајмон зголеми на 3:0.

Честа на Судан ја спаси Кидир, кој постигна гол од пенал.

Во вториот натпревар од оваа група се среќаваат Египет и Гвинеја Бисао.

Scroll to Top