Top Sport

Кутињо оди на позајмица во Арсенал

Бразилскиот фудбалски ас, Филипе Кутињо ова лето ја напушта Барселона и се враќа во Премиерлигата.

Иако претходните денови стигнуваа деманти од сите страни, француски „Л`кип“ ексклузивно објави дека е договорена едногодишна позајмица во лондонски Арсенал. Целата процедура околу позајмицата би требало да се заврши задутре.

Бразилскиот офанзивен фудбалер на „Камп Ноу“ стигна во јануари 2018 од Ливерпул во трансфер вреден 120 милиони евра.

Сепак, тој не ги исполни очекувањата на Каталонците.

Бразилецот за кого силно заинтересиран беше и ПСЖ има договор со Барса до јуни 2023 година.

Scroll to Top