Top Sport

Кутињо по дисконтна цена оди во Челси

Фудбалскиот клуб Челси ги започнал преговорите со Фелипе Кутињо тврдат англиските медиуми. Бразилецот сезонава е во Баерн како позајмен играч од Барселона. Баварците веќе кажаа дека нема да го откупат неговиот договор, а ниту фудбалерот нема желба да остане во Минхен.

Кутињо во јануари 2018 година го напушти Ливерпул, се пресели во Барселона, а две и пол години подоцна тој би можел повторно да се врати во Премиерлигата.

Медиумите во Англија објавија дека Барселона за Кутињо бара 60 милиони евра. Оваа сума е многу помала од онаа што Барселона ја плати за Бразилецот.

Scroll to Top