Top Sport

Робињо: Реал ми го уништи трансферот во Челси

Робињо, како голем талент во 2005 година од Сантос се пресели во Реал Мадрид. Наследникот на Пеле, како што го нарекуваа Бразилците, никогаш до крај не го покажа својот потенцијал.

Правта сезона во Мадрид беше добра за Робињо, останатите две не. Реал поради тоа решија да ја прифата понудата на Манчестер сити од 43 милиони евра. Тој беше првата ѕвезда во проектот што го започнаа сопствениците на Манчестер сити.

Иако замина во Манчестер сити, Робињо открива дека во тоа време желбата му била да се пресеи во Челси кај тренерот Сантијаго Солари.

„Целта ми беше да одам во Челси. Тогаш Солари ми гарантираше место во првиот тим. И претходно имав добра соработка со Сколари. Сепак Реал лоши ги завршија преговорите со Челси. Не ми се допадна што Челси и пред да го заклучи договорот започна да продава дресови со моето име“, рекол Робињо.

Бразилецот вели дека сопственикот на Сити, шеикот Мансур, му ветил дека во клубот ќе пристигнат уште неколку врвни играчи, целта му биле Кака и Лионел Меси.

„За жал никогаш не се случија трансферите на Кака и Меси. Жал ми е што со Сити не ја освоив титулата, но не жалам што заминав таму кога клубот го започнуваше својот поход кон врвот“, заклучил Бразилецот.

Scroll to Top