Фелипе Кутињо е еден од играчите кои се наоѓаат на трансфер листата во Барселона. Бразилецот не се снајде на „Ноу Камп“ откако пристигна во јануари 2018 година за 160 милиони евра.
Кутињо сезонава игра во Баерн, меѓутоа Баварците немаат намера да го откупат неговиот договор. Тој ќе се врати во Барселона по завршувањето на сезоната, а потоа ќе следува трансфер, најверојатно во Премиерлигата.
Роналд Де Бур поранешниот играч на Барселона смета дека Кутињо поради Меси не успеал да се вклопи во тимот.
„Кутињо беше задолжен за сите акции на Ливерпул. Во Барселона е поинаку, таа улога ја има Меси. Гледата дека тоа е една машина која одлично функционира, но Кутињо не успеа да се вклопи. Навикнат е топката да биде кај него, но покрај Меси тоа е невозможно. Тој за Барселона најдобро играше во периодот кога Меси беше повреден. Кутињо е фантастичен играч, но проблемот е што едноставно не се вклопува во играта на Барселона“, рекол Роналд Де Бур.