Бразилскиот напаѓач Филипе Кутињо повеќе не е играч на Барселона на позајмица во Астон Вила, клубот од Бирмингем го откупија договорот на поранешниот играч на Ливерпул и Баерн за 20.000.000 евра. Барселона, во јануари 2018 година, на Ливерпул за Кутињо му плати 135.000.000 евра.
Според веб-страницата на каталонскиот клуб, Барселона ќе добие 50 отсто од следната продажба на Кутињо, што не е лоша зделка ако се знае каков скромен ефект имаше Бразилецот на „Камп Ноу“.
Во оваа прилика Барселона му се заблагодари на Кутињо за се што направи за клубот во претходните години. Кутињо за Барселона одигра 106 натпревари на кои постигна 26 гола.
Една сезона мина на позајмица во Баерн и успеа да ја освои Лигата на шампионите.
Да потсетиме, Кутињо во јануари пристигна на „Вила Парк“, а по воведната неполна половина година, великанот од Бирмингем реши да го купи.