Top Sport

Кутињо се врати со два гола, Барса ја „наполни“ Севилја (видео)

Барселона ќе продолжи со одбраната на титулата од Кралскиот куп, откако на „Ноу Камп“ со 6:1 ја совлада Севилја благодарение на двата гола на толку критикуваниот Филипе Кутињо.

Кутињо го даде првиот гол (од пенал) во 13-тата минута и третиот за Барселона, а стрелци беа и Иван Ракитиќ и Серхи Роберто за водство од 4:0. Севилја даде утешен гол преку Арања во 67. минута, но во лудиот финиш Луис Суарез и Лионел Меси постигнаа уште по еден гол за „потоп“ на ривалите од Андалузија.

Таму се и Реал Бетис, кои дури во продолжението го „скршија“ отпорот на Еспањол со 3:1 (1:1 по 90 минути) и Валенсија, која со 3:1 го победи Хетафе.

Фото: ЕПА

КОПА ДЕЛ РЕЈ, 1/4 ФИНАЛЕ

Валенсија – Хетафе 3:1

Реал Бетис – Еспањол 1:1, 3:1 по продолженија

Барселона  – Севилја 6:1

Scroll to Top