Top Sport

Ливерпул пропушти голема шанса со Лестер, Челси „уништен“ во Бурнемаут (видео)

Ливерпул не го искористи вчерашниот пораз на Манчестер сити од Њукасл да избега на седум поени и да ги подгрее шампионските амбиции, откако Лестер успеа да ги заддржи на 1:1 на „Енфилд“.

А сѐ беше подготвено за славје, кога Садио Мане ги донесе во водство до третата минута од мечот, најавувајќи „навала“ на голот на Каспер Шмахјел. Но, на крајот на првото полувреме, англискиот репрезентативец Хери Мегвајр успеа да избега од една офсајд-стапица за да израмни на 1:1.

Со поенот, Ливерпул е прв со 61 поен, пет помалку има Манчестер сити на второто место по 24 кола (од 38).

Челси пак, под водство на Маурицио Сари, „заглави“ на гостувањето кај Бурнемаут губејќи со изенандувачки лесни 4:0. Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Норвежанецот Џошуа Кинг даде два гола во второто полувреме за шок за „сините“, кои сега имаат 47 поени на четвртото место, исто колку Арсенал на петтото, и само два пред Манчестер јунајтед кои се шести.

Тотенхем, успеа да направи пресврт и да го добие Ватфорд со 2:1 во лондонското дерби, откако постигна два гола во последните 10 минути од мечот. Гостите имаа водство од првото полувреме преку Крег Кеткарт (38. минута), пред повратникот во тимот Сон Хеунг-Мин да израмни во 80, а Фернандо Љоренте да им донесе три поени во 87. минута. Тотенхем сега има 54 поени, шест повеќе од Челси.

ПРЕМИЕР ЛИГА, 24.КОЛО

Бурнемаут – Челси 4:0

Саутемптон – Кристал палас 1:1

Ливерпул – Лестер 1:1

Тотенхем – Ватфорд 2:1

Scroll to Top