Top Sport

Кутињо во Челси, доколку ФИФА ја прифати жалбата на на „сините“

ФИФА порад непочитувањето на правилата за трансфери на фудбалери помлади од 18 години го казни фудбалскиот Челси со забрана на трансфери во сезоната 2019/2020. Лондончани ја обжалија одлуката на ФИФА, а одлуката по нивната жалба може да биде клучна за Челси во наредните неколку сезони.

Доколку жалбата биде прифатена тогаш во Челси ќе пристигне Фелипе Кутињо, од Барселона, објави весникот од Каталонија „Спорт“. Бразилецот кој има искуство премиерлигашко искуство од периодот кога играше во Ливерпул.

Истиот извор пишува дека Бразилецот на „Стенфорд Бриџ“ ќе дојде на местото на Еден Азар, чии трансфер во реал е извесен.

Кутињо, во јануари 2018 година за 150 милиони евра од Ливерпул се пресели во Барселона, но не успеа да ги оправда милионите вложени во него.

Scroll to Top